Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНови претседатели на судовите во Битола, Кочани и Охрид

Нови претседатели на судовите во Битола, Кочани и Охрид

Трoјца претседатели на судови се избрани на 215 седница на Судскиот совет одржана денеска. За претседател на Апелациски суд Битола избрана е Елизабета Манели Ташевска, за претседател на Основен суд Кочани – Дарко Ристов, додека за претседател на Основен суд Охрид – Милчо Клишески.

Покрај огласот за избор на тројца судии во Врховниот суд, претседателот на ССРМ истакна дека денеска ќе се објави и оглас за избор на судии во основните судови, за завршените кандидати од петтата генерација на АСЈО, кои ја заокружија нивната двегодишна обука за судии, со кое истите веднаш се подготвени да бидат вклучени во професијата, а истовремено и да се соочат и со предизвиците кои ќе ги носи нивната судиска функција.

Исто така, на денешната седница се усвои и Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија.