HomeДЕНЕШНАЕкономијаНови пониски цени на горивата, одлучи РКЕ

Нови пониски цени на горивата, одлучи РКЕ

Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ) ја корегираше цената на горивата со тоа што бензините ноќеска по полноќ ќе бидат поевтини за 1 денар по литар. Дизел горивата во оваа корекција на цената не се вклучени и нивната цена останува иста.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93, односно за 0,56 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 63 денари за литар. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат 48 и 36,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,387 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 22,408 денари за килограм.

Како причина за намалување на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,832 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,148 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com