Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНови ознаки на храната за поголема безбедност на потрошувачите

Нови ознаки на храната за поголема безбедност на потрошувачите

Од 13 ноември операторите на храна ќе треба да се придржуваат до новиот Правилник за информации поврзани со храната, кој Агенцијата за храна и ветеринарство го донесе овој месец и кој целосно е усогласен со одредбите од Законот за безбедност на храната објавен во мај годинава.

Правилниког ги дефинира строгите правила за означување на прехранбените производи. Како што истакна на денешната прес конференција м-р Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, со новите правила задолжително ќе треба да биде означено името на производот, нутритивната табела и составот на производот каде ќе мора да бидат наведени сите алергени доколку ги содржи конкретниот производ.

agencija za hrana

-Минималната големина на буквите треба да биде 1,2 милиметри со цел да бидат видливи за потрошувачите кои ќе се информираат за производот што сакаат да го купат. Производот ќе може да содржи и доброволни информации во кои спаѓаат нутритивните тврдења како што се дали производот има одредени витамини или минерали, а може да бидат наведени и здравствени тврдења – објасни директорот Поповски.
Операторите на храна веќе се запознати со одредбите од овој правилник и не би требало да имаат проблеми со неговата примена.

– Не сакаме да казнуваме. Веруваме дека поради меѓусебната конкуренција, компаниите навреме ќе се подготват и ќе го усогласат работењето со одредбите од Правилникот. Амбалажите на производите кои се призведени пред 13 ноември кога почнува примената на новите правила за информирање на потрошувачите, ќе се продаваат се до рокот кој е означен како рок на употреба на производот – вели Поповски.

Доколку операторите со храна не се придржуваат до правилникот ќе се преземат соодветни мерки. Глобите за непочитување изнесуваат од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност.