HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаНови откритија: Марко Поло не е првиот Европеец кој ја посетил Кина

Нови откритија: Марко Поло не е првиот Европеец кој ја посетил Кина

Археолозите излегоа со нови откритија кои потврдуваат дека Кина и Европа биле во контакт повеќе од 1500 години дури и пред Марко Поло да ја посети Кина. Патувањето на познатиот жител на Корчула во 13-от век бил првиот документиран контакт со Кина, но подоцна се покажало дека кинеските историчари имале записи за луѓе кои многу порано стапнале на ова место. Најверојатно тоа биле луѓе од римското царство од 2-ри и 3-ти век.

Ксин Ши Хуанг живеел помеѓу 259-та и 210-та година пред новата ера и бил прв цар на обединета Кина. Во близина на неговиот гроб пронајдени биле 8000 статуи на борци од глина. Денеска ова место се смета за едно од најпознатите места во кинеската култура.

Но, во Кина пред изградбата на гробницата на Цар Ксин Ши Хуанг немало традиција за изградба на фигури со реални човекови големини. Ксиузен смета дека армијата од теракота била инспирирана од уметноста на античките Грци, исто како и акробатите и другите бронзени статуи пронајдени во гробниците.

Друга студија покажала дека ДНК специфична за Европејците, имало на местото во западната кинеска провинција Ксин-јанг, од каде може да се заклучи дека западњаците дошле, живееле и умреле во овој град уште за време на првиот император, дури и малку порано.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com