Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНови обиди за нелегален превоз на мигранти

Нови обиди за нелегален превоз на мигранти

 

Во текот на вчерашниот ден од  Министерството за внатрешни работи, јавуваат дека откриле два различни обиди за нелегално превезување на мигранти. Во првиот случај станува збор каде полицијата забележила два автомобили кај Демир Капија. Првиот бил со бугарски национални ознаки, управуван од прилепчанец каде биле превезувани четири мигранти од Ирак. Во вториот автомобил со кумановски регистарски таблички, истата патрола пронашла пет илегални мигранти од Ирак. Во друг случај, како што информира МВР, на автопатот Гевгелија- Демир Капија во патничко моторно возило со скопски регистарски таблички биле пронајдени 12 илегални мигранти од Пакистан.

Во соопштението од МВР се вели дека:

– „Од страна на  мешовит патролен тим од полициски службениции полициски службеници од.Хрватска, забележано било ПМВ “БМВ“ со скопски регистерски ознаки. При обид да биде сопрено, истото се дало во бегство и застанало после два километри, а возачот избегал од самото место. Во возилото биле пронајдени 12 илегални мигранти од Пакистан. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС за ОН Валандово. Лицата се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.“