Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНови мамографи за подобра превенција од рак на дојка

Нови мамографи за подобра превенција од рак на дојка

Министерството за здравство при одбележување на светскиот ден на борба со ракот на дојката пренесе дека се набавени шест нови мамограми кои ќе се користат веднаш во клиниките во Скопје, Прилеп, Куманово, Кавадраци, Штип и Кочани, а наскоро ќе бидат набавени и апарати за детекција во Гевгелија, Радовиш, Велес и Македонска Каменица. Исто така е посочено дека со бесплатен скрининг сега се опфатени сите жени над 50 години кои имаат и најголеми ризик фактори, а од 2016-та година со мамографски тестови ќе бидат прегледани сите жени на возраст од 50 до 69 години.