HomeДЕНЕШНАСкопјеНови електрични возила за одржување на хигиената

Нови електрични возила за одржување на хигиената

Град Скопје и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ продолжуваат со изнаоѓање на евтини и иновативни решенија за чистење на градските улици, булевари и плоштади, а се надополнува и проектот „Електра“ за набавка на електрични возила во повеќе области.komunalna elektricni

Промовираме две нови возила за хигиена на плоштадот „Македонија“ кои покрај тоа што го мијат и го полираат мермерот. Третото возило е за одржувањето на хигиената на улиците, кое покрај плоштадот ќе работи и на улицата „Македонија“, а четвртото е за празнење на отпадот од возилата за хигиена, изјави градоначалникот Трајановски.

koce elektricni khГрад Скопје продолжува со заложбата за примена на ефикасни и штедливи возила за администрацијата и градските служби со што ќе се влијае на животната средина и на трошоците, а самата иницијатива треба позитивно да дејствува и врз приватниот сектор.

Вредноста на возилата изнесува 13.5 милиони денари, а од „Комунална хигиена“ информираат дека за оваа година имаат порачано уште три електромопеди за администрација и службите на претпријатието. Полнењето на батериите на возилата на дневна база ќе чини до три евра, проценува директорот Ракип Дочи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com