HomeДЕНЕШНАПолитикаНови докази на рочиштето за „Диво Насеље“

Нови докази на рочиштето за „Диво Насеље“

Јавното обвинителство, како нови материјални докази за случајот „Диво Насеље“, претстави фотографии и видео-снимки од откривањето на оружјето во кумановско Гошинце. Во објавеното видео, се гледа како еден од обвинетите Сулејман Османи, два дена по вооружената пресметка во кумановското Диво Насеље, во придружба на полицијата го открива местото каде било скриено оружјето – пренесува ТВ21.

Реагираше еден од обвинетите Шефкет Калаќи. Тој побара и Сулејман Османи да биде присутен на рочиштето, за да ја каже својата верзија, во однос на доказите кои ги претстави Обвинителството. Со исто барање настапи и адвокатот на одбраната Насер Рауфи.

„Јас како адвокат на Сулејмани, ќе побарам овој предмет да се спои со другите предмети на групата. И од Обвинителството нема да има опасност за спојување на предметите и во рок од 10-15 дена ќе имаме одговор за Сулејмани“, изјави Насер Рауфи. Инаку, одбраната и денеска ја истакнаа потребата од сведоците Стојанче Ангелов и лидерот на ДУИ Али Ахмети иако не кажаа конкретно зошто нивните сведочења се од полза.

Адвокатите на одбраната, повторно реагираа дека нивните клиенти биле физички малтретирани за време на транспортот од затворот до Судот. Адвокатката Артене Адеми, вели на телата на обвинетите, може да се забележат знаци на насилство. Таа од адвокатката Вера Петровска, побара во записникот да ги внесе и жалбите за малтретирање.

Следното рочиште е закажано за 6 октомври, кое ќе биде отворено за јавноста. Во случајот „Диво Насеље“, што се случи на 9 и 10 мај минатата година во Куманово, обвинети се 37 лица, од кои 29 се обвинети за кривичното дело тероризам, а другите 8 за давање логистичка помош на групата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com