Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНови директори на Скопските ЈСП Водовод и Улици и патишта

Нови директори на Скопските ЈСП Водовод и Улици и патишта

Поставени се нови директори во три јавни претпријатија кои се под надлежност на Град Скопје.

На местото на Игор Јанушев во Јавното сообраќајно претпријатие е поставен Кристијан Чушков, а на местото на Александар Атанасов во ЈП Водовод и канализација е поставен Душко Весковски.

Промена има и во ЈП Улици и патишта. На директорското место во ова претпријатие ќе седне Сенад Смаиловиќ.