Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНови детали за трагедијата во Хиподром: Детето со фрактура на черепот, мајката со скршени ребра

Нови детали за трагедијата во Хиподром: Детето со фрактура на черепот, мајката со скршени ребра

Очевидците кои утрово биле на местото на случувањата се крајно згрозени од чинот во скопската населба Хиподром каде мајка утрово го фрли својот 6-годишен син Марко, очевидците објаснуваат како детето беспомошно паѓало од терасата додека пред зградата го чекале избезумениот татко и неколку соседи.

Шестгодишното момче од Хиподтром заврши со скршеница на черепот, а неговата мајка има скршеници на ребрата и двајцата се хоспитализирани на КАРИЛ. Двете хоспитализарни лица се во крајно критична состојба, а како што дознаваме лекарите очајно се обидуваат да го запрат внатрешното крварење кај детето, но засега ситуацијата е крајно неизвесна.

балкон 2

Според нив, полицијата не ја сфатила сериозно мајката дека ќе го фрли сопственото дете, па не поставиле душеци. Очевидците потресено кажуваат како мајката најпрво се обидела да разговара со својот сопруг кој бил долу пред зградата, а неколку минути подоцна, таа го фрлила своето дете.

– Имаше сомнение дека ќе го фрли детето. На четвртиот спрат излезе госпоѓата и го повика сопругот. Го зема детето, го седна на терасата и само го турна надоле. Најлошо беше од се што детето удри на една шипка за алишта што беше на третиот спрат. Јас и таткото го чекавме долу. Сигурен сум дека го фативме, дојде до земјата, но не удри на земјата. Јас детето го зедов, го ставивме во амбулантната кола, детето беше живо, дишеше, му течеше крв од устата, значи докторката веднаш притрча, вели очевидецот Златко Ордевски.

Според него акцијата за спас на детето и мајката не биле добро спроведени, од причина што не ја сфатиле сериозно дека ќе го стори тоа.

– Кога се јавивме во болница, ни кажаа дека детето е добро, но има удар од шипка. Сопругот разговараше со неа, многу кратко беше тоа, за една до две минути таа го фрли детето. Ги знаеме како соседи, само сакам да кажам дека требаше да се сфати посериозно и да реагираат што побрзо, додава Ордевски.

Полицијата се обидела да преговара со неа откако таа го фрлила детето од терасата, но по обидот на специјалец да ја спаси таа сепак скокнала, раскажуват очевидците

– Додека преговараа со неа, детето веќе го однесоа во болница. Таа седна на прозорецот, се собра полицја и народ со цел да преговараат со неа. После тоа дојде свекрва и, која почна да и вика убиј се и ти. Полицаецот се спушти од шести спрат со јажиња со цел да ја спаси, а она кога го виде него од страв најверојатно се фрли и она. Страшно, сурово. Не знам од која основа тоа го направила, додава очевидецот.

Соседите од осумкатницата, која е во центарот на медиумското внимание денеска, видно потресени не сакаат да зборуваат за настанот, кратко велат дека нивните соседи не биле проблематични луѓе.

Полицијата и пожарникарите се обидувале да ја отргнат од намерата жената и таа да скокне, велат соседите, а жената цело време извикувала – “ Аце кога ме тепаше никој не ми веруваше, а сакаше да ми го земе и детето“.

mkd-227564

Таткото досега никогаш не бил пријавуван за семејно насилство информираат од МВР

Истрагата трае, се прибираат дополнителни информации, се прават анкети, се разговара со сите засегнати страни – вели Лиза Бендевска портпарол на СВР Скопје.

За текот на здравствената состојба на лицата ќе ве информираме во текот на денот, следете не и понатаму.


фото: Телеграф
Видео: А1он

Н.С