Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНови цени на горивата од полноќ

Нови цени на горивата од полноќ

Еуросуперот БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар. Цената на Еуросупер БС -95 како и на Еуродизелот не се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Па така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 36,50 ден/лит.

Цената на Еуросупер БС-95 и понатаму останува 62 денари за литар, а на Еуродизелот 48 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,213 денари за килограм и ќе изнесува 22,795 денари за килограм.