HomeДЕНЕШНАЕкономијаНови цени на горивата – ќе има поскапувања на полноќ

Нови цени на горивата – ќе има поскапувања на полноќ

gorivo-pumpa

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара, а дизелот за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), пренесува МИА.

Според одлуката на РКЕ, литар  ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 62 денара, а новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 98  изнесува 64 денари. Литар екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ) ќе чини 37,5 денари, а за литар ЕУРОДИЗЕЛ  ќе се плаќа по 48,5 денари.

За 1,914 денари се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс  ќе чини 23,861 денар.

Малопродажните цени на нафтените деривати  во просек се зголемуваат за  4,48 проценти.

Новата цена на горивата е формирана врз основа на просечната цена на нафтата на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com