HomeДЕНЕШНАСкопјеНови бисти за патроните во основните улилишта во Општина Карпош

Нови бисти за патроните во основните улилишта во Општина Карпош

133416221-85738

Општина Карпош започна со замена и реставрација на бистите на патроните на основните училишта лоцирани на нејзина територија.Според Општината, постоечките обележја во училишните дворови се стари и по 40 години. Накаде повеќе, некаде помалку оштетени. Добар дел од нив се дело на познати и реномирани македолнски скулптори како што се Боро Митриќески, Илија Аџиески, Јордан Грабул…

Мајстор-скулптор Сашо Попоски е ангажиран за реставрација на спомен обележјата на патроните на основните училишта. Реставрацијата ќе ја врши со полимерни материјали и акрилат. Ваквите метеријали треба да допринесат бистите да бидат отпорни на надворешните влијанија. До сега, реставрирана е бистата на Вера Циривири Трена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com