HomeДЕНЕШНАРепубликаНови 654 полицајци стапија во служба

Нови 654 полицајци стапија во служба

МВР свечено ги промовираше 654 новите полициски службеници кои поминаа едногодишна обука. Вкупно 654 полицајци од кои 143 жени ќе влезат во службите на МВР, а промоцијата беше одржана во Центарот за обука во Идризово.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски им порача да бидат бескомпромисни чувари на редот и законите, но и на професиналната чест и достоинството лично и на институцијата која ја претставуваат.

novi-policajci2

„Интегритетот не се гради со подмитливост, со поткупливост, со непочитување на законите или со селективна правда, со злоупотреба на должностите и службените овластувања или слични такви стандарди и вредности кои со години наназад ја доведоа Македонија до работ на амбисот“ – изјави Спасовски.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кажа дека се очекува од новите полициски службеници максимална посветеност, чесност, хуманост и одговорност при остварувањето на задачите.

Успешна и професионална работа на новите полициски службеници им посака и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи,  Оливер Андонов и ги повика на целосно извршување на законите, Уставот, основните човечки и граѓански права.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com