Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНови 62 илјади „Бугари“ од Македонија, Молдавија и Украина

Нови 62 илјади „Бугари“ од Македонија, Молдавија и Украина

Во последните 5 години над 62 илјади лица станале бугарски државјани, а тие најмногу потекнуваат од Македонија, Молдавија и Украина без точно да се посочи која држава со колку граѓани учествува во оваа бројка, според министерката за правосудство Екатерина Захариевеа.

Речиси 90 проценти од нив добиле државјанство врз база на бугарски корени, а останатите врз база на општа национализација. 3574 кандидати за бугарски пасош биле одбиени бидејќи не ги исполниле условите, пренесува БГНЕС.