Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет„Пучистите“ ги „стеснија“ ќелиите: Над 170 нови затвори ќе бидат изградени во Турција

„Пучистите“ ги „стеснија“ ќелиите: Над 170 нови затвори ќе бидат изградени во Турција

Над 170 нови затвори ќе бидат изградени во Турција во текот на следните пет години, соопшти турското Министерство за правда, објави „Хуриет“.

Министерството прецизираше дека вкупно 174 затвори ќе бидат изградени во земјата, за да има доволно места за затворениците, чиј број нагло се зголеми по масовните апсења по обидот за преврат на 15 јули.

Во новите затвори ќе бидат сместени околу 100 илјади луѓе, објасни Министерството за правда.

Одлуката на Министерството е објавена откако група затвореници во округот Текирдаг (северозападна Турција) поднесоа претставки, во кои посочуваат дека шестмина затвореници престојуваат во ќелии за тројца.