Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНови 1.500 пастрмки во водите на Вардар

Нови 1.500 пастрмки во водите на Вардар

Денеска во водите на реката Вардар, кај хотелот Александар Палас, беа пуштени 1.500 парчиња македонска ендемична пастрмка (Salmo macedonicus Karaman,1924).

Проектот е во организација на Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат и Министерсвото за животната средина и просторно планирање, а целта е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак.