HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНовата песна на Ѓоко Јовиќ е одлично прифатена во регионот

Новата песна на Ѓоко Јовиќ е одлично прифатена во регионот

14274322_1662531160455474_22092784_o

Ѓоко Јовиќ, популарниот македонски пејач кој настапува заедно со „Енерџи бенд“ ја претстави својата најнова песна насловена како „Сутра је нови дан“ заедно со видеозапис во продукција на Горила филмс. Имено, новата песна „Сутра је нови дан“ на Ѓоко Јовиќ уште при првите 12 часа од официјалното претставување во етерот ги освои слушателите и доби повеќе од 30.000 прегледи на Youtube. Песната е веќе додадена како предлог-нумера на повеќето радио станици на територијата на поранешна Југославија.

15102243_1662531113788812_1969604290_o

Песната е авторско дело на Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска – Ена. Видеозаписот е во изработка на Горила продукција, а главната улога ја игра атрактивната мисица и тв водителка, Симона Станковска.
Како потсетување, Ѓоко Јовиќ пред повеќе од две години на реномираниот фестивал „Роса фест“ ја расплака публиката со песната „Туѓина пуста далечина“ и со тоа остави свој белег на македонската музика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com