HomeДЕНЕШНАСветНовата европска гранична служба ќе ја штити Бугарската граница од мигрантите

Новата европска гранична служба ќе ја штити Бугарската граница од мигрантите

Мандатот и мисијата на граничната служба Фронтекс полека завршува и ЕУ ќе ја активира новата заедничка гранична служба која официјално ќе почне со работа во Бугарија, на свеченост на која ќе присуствува и еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос, соопшти Европската комисија.

Се предвидува припадниците на новата служба да бидат распоредени на бугарско-турската граница.

Главна задача на службата е да бидат обезбедени надворешните граници на ЕУ во променливата ситуација поврзана со безбедноста и миграцијата.

Формирањето на службата траеше околу девет месеци од предлогот за нејзиното основање од Европскиот парламент и од Советот на ЕУ.

Граничната служба ќе извршува постојана оценка на слабите места на надворешните граници. Таа ќе располага со постојан контингент од 1.500 европски граничари, подготвени за брза реакција.

Службите ќе учествуваат и во операции за екстрадиција на мигранти, кои неаконски влегле во ЕУ, како и на странци, кои без дозвола престојуваат во Унијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com