HomeРЕФЛЕКТОРФилмНовата девојка на Бред Пит?

Новата девојка на Бред Пит?

article-0-0ba4060d00000578-224_634x557

Откако телохранителот на Бред Пит изјави за “International Business Times” дека познатиот актер веќе неколку недели излегува со една позната колешкаа, американските таблоиди се „фрлија“ на работа да го откријат нејзиниот идентитет.

Сепак, се чини дека потрагата е завршена, затоа што во написот објавен на веб-страницата на “Woman’s Day”, извор близок до актерот открил која холивудска ѕвезда е со него во врска.

„Кејт Хадсон е Бредовата мистериозна девојка. Последните неколку недели, двајцата станаа многу блиски и видени се неколку пати. Се разбира, на строго тајни места. Нема ништо невобично, бидејќи Бред и Кејт се големи холивудски ѕвезди, двајцата се убави и успешни и уживаат во своето време заедно“ – изјавил изворот.

Од друга страна, Крис Херцог, телохранител на познатиот актер не сакашет да открие дали Хадсон “успешната холивудската актерка” е со Пит веќе неколку недели, како што претходно беше откриено.

Холивудскиот актер Бред Пит папараците успеале да го фотографираат додека бил во друштво со една мистериозна русокоса девојка со која биле во еден ресторан во Лондон.

„Јас ја познавам Кејт многу години и можам да кажам дека е голем човек. Двајцата би биле извонреден пар“ – изјавил Херцог.

Сепак, како што пишува “Дејли мејл”, изворот близок до холивудскиот актер ја негирал точноста на оваа информација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com