Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНовак: На моето тело му е потребен дополнителен одмор

Новак: На моето тело му е потребен дополнителен одмор

Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да учествува во второто издание на егзибициониот серијал  IPTL (International Premier Tennis League).

,,Играњето на првиот  IPTL беше одлично искуство за мене и со голема желба сакав да заиграм на овој турнир повторно, посебно во Сингапур. Сепак, позади мене е долга година и на моето тело му е потребен дополнителен одмор за да се опорави. Му посакувам на мојот тим се најдобро, ќе им се придружам следната година”, изјави најдобриот тенисер во светот.

Ова ќе биде второ издание на IPTL , а секоја од петте екипи се состои од тројца сингл играчи, еден дабл и една легенда. На овој турнир ќе настапат Федерер, Надал, Иванишевиќ, Сафин и други.

Ѓоковиќ нема да настапува ниту на егзибициониот турнир во Абу Даби, а новата сезона ќе ја започне на турнирот од Серија 250 во Доха, кој започнува да се игра на 4 јануари.