Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНовак може да биде казнет?

Новак може да биде казнет?

Новак Ѓоковиќ и судијата Карлос Бернардес имале расправа за време на натпреварот од четвртфиналето во турнирот во Рим. Во натпреварот со Надал, Бернандес погрешно го проценил трагот на една топка, Новак во еден момент физички го допрел судијата. Според правилата на АТП пишува дека играчот во ниту еден момент не смее да има физички контакт со судијата, противникот или гледачите, иако контактот на Новак со судијата тешко може да се карактеризира како „физички напад“.

„Единствено нешто што ми сметаше беше што ја допираше линијата и трагот од топката. Некако правеше сопствен траг. Затоа му реков на судијата да не го допира трагот туку да зборуваме за постоечкиот“, изјави Новак. „Не сакам да звучам ексцентрично, но видов дека донесе погрешна одлука. Но секој може да згреши, разбирам дека беше тешко да се види бидејќи беше многу близу“, додаде Србинот.