Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНовак Ѓоковиќ со чудна реакција на венчавката на Ана Ивановиќ

Новак Ѓоковиќ со чудна реакција на венчавката на Ана Ивановиќ

Се омажи убава Ана. И тоа два пати! Сите очи беа вперени во златната двојка господин и госпоѓа Швајнстајгер, но некои погледи беа свртени кон Новак Ѓоковиќ, пренесува порталот „24sata.rs“.

Новак Ѓоковиќ и Ана Ивановиќ се колеги по терен, сонародници…Се знаат со години, речиси со децении!

Она што паѓа во очи е фактот дека апсолутно ги искулираа најважните денови на нивните животи. Ана Ивановиќ не дојде на венчавката на Новак и Јелена на Свети Стефан, не се појави ниту тогаш јавно му честиташе на својот колега и долгогодишен познаник.

Сега, кога таа се мажеше и тоа двојно Новак не пушти ни глас. Навикнати сме тенисерот преку Твитер да честита се и сешто, од победа на спортисти до родендени на стари пријатели, овој пат-молк.

Половина свет им честиташе, а тој и Јелена молчеа. Сигурно е дека можеа да појдат до Венеција посебно бидејќи двајцата се на одмор. Дали одлучија ова да го решат со приватен телефонски повик или СМС порака или тие не дојдоа на нејзината свадба за да и вратат со иста мера, или пак намерно никој од нив не им се јави на другите на денот на нивната венчавка, останува да видиме.

Сепак, очигледно е дека поради недоаѓањето на свадба никој од нив посебно не се потресе.