HomeАНТИСТРЕСШтосноНова жртва на „селфи манијата“: Статуа стара повеќе од 300 години

Нова жртва на „селфи манијата“: Статуа стара повеќе од 300 години

statua-2

Дека луѓето навистина треба да внимаваат при правење на селфи, зборува и инцидентот кој им се случил на брзилски туристи, кои обидувајќи се да направат селфи во музеј уништиле статуа стара повеќе од 300 години. Во текот на неделата, во Националниот музеј на уметноста во Лисабон кога влезот е бесплатен, бразилски турист се обидел да направи селфи и додека се местел да фати подобар кадар, по грешка срушил скулпутра на подот.

За жал, скулптурата била толку уништена што не може да се поправи. Нуњо Родригез присуствувал на оваа сцена и успеал да сними неколку фотографии, кои подоцна ги објавил на социјалните мрежи.

statua-1

Заменик директорот на музејот Хозе Алберто Сеабра Карваљо изјавил дека не памети дека порано се случило нешто слично на ова, а тој многу години работел во оваа установа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com