Monday, May 29, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНова веб продавница со Стопанска банка, Philips и Техномаркет

Нова веб продавница со Стопанска банка, Philips и Техномаркет

lojalna programa

Корисниците на Стопанска банка ќе добијат уникатна можност да купуваат производи од реномираниот бренд Philips и ланецот за електроника Техномаркет преку интернет со големи попусти од 40 посто. Новата веб продавница ќе се активира утре и во понудата ќе бидат поставени квалитетни апарати за домакинство од Philips, а ќе се плаќа со картичките на Стопанска банка.

Идејата е на корисниците кои користат модерни технологии да им се поедностави шопингот директно од нивниот компјутер или смарт уред.

„Секогаш се обидуваме да го евалуираме искуството на нашите клиенти низ нивните очи, бидејќи тоа е најточен и најискрен пристап за разбирање на вистинските потреби, а тие сознанија нé поттикнуваат да бидеме подобри во она што го работиме. Ги повикувам сите корисници на платежните картички на Стопанска банка да ја посетат веб-продавницата и да ја разгледаат уникатната понуда на Philipsпремиум производите. Убеден сум дека ова е уште една поволност која ќе им покаже дека во сите наши идеи и планови, тие се на првото место “ – изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.

Доставата на производите ќе се врши преку пошта за најмногу 5 дена од продажбата, што дополнително го олеснува пазарувањето и го прави уникатно искуство и доживување.

„Нашата мисија е да бидеме што подостапни за граѓаните и сите наши капацитети, можности и потенцијали да ги ставиме во функција на олеснување на купувањето. Online купувањето е се поприсутно и веќе ја надминува трендовската димензија со тоа што стана реална потреба во брзото секојдневие, а Техномаркет одамна го започна процесот на прилагодување со опцијата за онлајн купување. Предноста на оваа продавница е што е тематски и содржајно дефинирана, и што купувачите ќе ја имаат единствената можност за навистина премиум Philips производи за 40 отсто пониска цена, тоа е возможно само во www.lojalnaprograma.mk “, изјави маркетинг менаџерот на Техномаркет.

Лојалната програма ќе трае до 10.03.2016 година.