Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНОВА ТВ: СЈО трагало по имот на Талески во Хрватска

НОВА ТВ: СЈО трагало по имот на Талески во Хрватска

Истрагата за случајот „Транспортер“ во кој првоосомничен е градоначалникот на Битола, Владимир Талески стигна и до Хрватска. Специјалното обвинителство добило сознанија дека Талески поседува куќа на море, по што оваа институција испратила барање до хрватските институции да проверат дали на име на Талески постои имот во оваа земја, велат извори од СЈО за Нова ТВ.

Според изворите, хрватските власти одговориле дека на име на Талески нема имот во Хрватска, но не е исклучена можноста да постои имот на друго име, блиско до градоначалникот.

Нова ТВ го барала Талески за коментар дали тој поседува имот во оваа земја, но тој не одговарал на повиците.