HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиНова телевизија на албански јазик стартува месецов

Нова телевизија на албански јазик стартува месецов

Нова телевизија на албански јазик се отвора на 21-ви овој месец. Телевизија се вика ТВ 21, а ќе биде сместена во поранешното кино Вардар на улица Македонија.

Основач на оваа телевизија е сопственикот на ТВ 21 и во Приштина, некогашниот новинар Еуген Сарачини, директор е поранешниот министер за економија од ДУИ, Ваљон Сараќини.

Според Либертас, телевизијата е блиска на владеачката ДУИ и всушност нејзин „производ“ за одземање на приматот на популарната и влијателна Алсат-М телевизија, со чија уредувачка политика, особено последнава година, ДУИ не е задоволна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com