Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНова: Телата на дел од киднапираните Македонци 11 години лежат на Судска медицина

Нова: Телата на дел од киднапираните Македонци 11 години лежат на Судска медицина

За два дена се навршуваат 14 години од потпишување на Рамковниот договор со кој се стави крај на конфликтот во Македонија во 2001 година. Но, прашањето на киднапираните и исчезнати Македонци не се затвори, а телата на четворица идентификувани и натаму лежат на Институтот за судска медицина.

Роднините и 11 години по нивната идентификација одбиваат да ги земат телата. Никој не го отвора прашањето каде се закопани другите – пишува Нова.
relatives of the kidnapped Macedonians archive photoОстатоци од четири тела од групата на киднапирани 12 Македонци од 2001 година од тетовскиот крај кои беа откриени во гробницата во близината на Требош – тетовско и натаму лежат во фрижидерите на Институтот за судска медицина и никој не се заинтересирал да ги подигне.

Телата се идентификувани преку ДНК методот, но роднините не ги прифаќаа резултатите и до сега нема напредок во случајот со киднапираните и исчезнати Македонци. Во меѓувреме, ниту некој се обиде да ги открие телата на другите Македонци за кои има оперативни информации каде се закопани, ниту пак случајот доби судска разврска.

Сите киднапирани Македонци, формално судот во Тетово ги прогласи за мртви во 2005 година, а предметот за гробницата во Требош, како случај „Непроштено“ ја презеде Хаг, а по враќањето во Македонија, беше ставен „ад-акта“ со автентичното толкување на Законот за амнестија.

Статијата во целост прочитајте ја тука.