Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНова семејна трагедија, ја избодел сопругата па се обесил

Нова семејна трагедија, ја избодел сопругата па се обесил

Во Македонија за само неколку дена се случува втора голема трагедија, овој пат во Кочани каде маж најпрво ја тепал својата сопруга и ја прободел со нож во раката, а потоа побегнал од дома. По два дена само се вратил во семејната куќа каде живееле со двете ќерки и си го одзел животот бесејќи се.

Претходно во Гостиварско Врапчиште имаше сличен настан на убиство на сопруга, а за убиецот сите соседи велеа дека бил мирен човек. Истото го велат и соседите за 52 годишниот С.А. дека не знаат што се случувало во куќата и каде бил проблемот.

Ваквите семејни расправии со трагични последици не се ново и без оглед дали се користи огнено оружје или не може да се премине границата. За жал за домашните проблеми ретко се разговара со стручни лица, а социјалните служби или се неажурни или пак немаат доволно ингеренции ниту можности да реагираат кога ниту полицијата не интервенира.