Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНова политичка платформа – Села и Мемеди со заеднички изборни листи

Нова политичка платформа – Села и Мемеди со заеднички изборни листи

Сојузот на Aлбанците, формиран неодамна од Движењето за реформи на ДПА предводено од струшкиот градоначалник Зијадин Села и од партијата НДП, ја одржа првата средба на работните групи на партиите, кои имаат цел да изработат заедничка платформа за претстојните парламентарни избори. Средбата се одржа во просториите на НДП во Гостивар.

Од Сојузот на Aлбанците велат дека Македонија не може да чекори напред без да се реши прашањето на Aлбанците. НДП и Движењето за реформи на ДПА, на следните избори ќе настапат со заеднички листи. Првата верзија на нивната заедничка платформа ќе ја споделат во јавноста на наредната средба на работните групи на партиите, а наесен ќе биде презентиран конечниот документ од платформата.