Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНова политичка партија – се формира „Левица“

Нова политичка партија – се формира „Левица“

На политичката сцена во Македонија доаѓа нова партија, Левица, зад која стојат членови на левичарските движења „Ленка“ и „Солидарност“, Комунистичката партија на Македонија и од поединци левичари.

Партијата ќе се залага за работнички права и за социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и ќе се бори против меѓуетничките бариери и национализмот. Утре во Жена Парк, во 11 часот новата партија ќе одржи прес конференција на која јавноста ќе биде запознаена со формирањето на ЛЕВИЦА и со деталите околу собирањето потписи за регистрација.