HomeДЕНЕШНАСветНова несреќа со мигранти, возможен голем број на жртви

Нова несреќа со мигранти, возможен голем број на жртви

index

Италијанската крајбрежна стража денес спасила 15 мигранти од гумен чамец кој започнал да тоне во морето на пат од Либија кон Европа, а се стравува дека има голем број на жртви. Од крајбрежната стража потврдиле дека трговски брод вчера бил испратен во помош на чамец кој тоне и тоа дека 15 спасени биле префрлени во Сицилија.

Како што наведува француската агенција, би било многу необично бродот да тргнал од брегот во Либија со само 15 патници, имајќи во предвид дека такви чамци се обично пренатрупани и собираат до 150 мигранти. Поради тоа се стравува дека не очекува нова голема трагедија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com