HomeДЕНЕШНАПолитикаНова кривична постапка за уште еден член на Левица

Нова кривична постапка за уште еден член на Левица

Уште еден член на Левица заработи кривична постапка, овој пат на удар Мариглен Демири, поради неговото учество на протестите од оваа година.

„Режимот не престанува со политичкиот прогон против членовите на Левица. Малку му беше што веќе води судски процес против двајца наши членови, Здравко Савески и Владимир Куновски, па реши да поведе кривична постапка против уште еден член на Президиумот на Левица, Мариглен Демири. Ако режимот мисли дека вака ќе нè замолчи – дебело се лаже! Нашата борба за слобода и социјална правда во Македонија продолжува!“, стои во денешното соопштение на партијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com