HomeДЕНЕШНАЕкономијаНова кована пара од НБРМ за колекционерски цели

Нова кована пара од НБРМ за колекционерски цели

НБРМ издаде и пушти во оптек нова кована пара за колекционерски цели „Свети Никола Чудотворец“. На аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2016“, наведуваат од НБРМ. Таа е изработена од сребро со тежина од 31,1 грам, чистота на среброто од 28,77 грам и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 милиметри.
nbrm-kolekcionerska
„Во централниот дел на монетата, од лево, е претставена слика на базиликата Св. Никола во Бари. Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската православна црква Св. Никола во Бари. Од десно се статуата на св. Никола во катедралата Св. Исак во Санкт Петербург, ознаката „Аг925“, како и тежината на монетата „31.1 г“. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик. Понатаму, на реверсот, во централниот дел од монетата е претставен гравиран и насликан портрет на св. Никола Чудотворец врз основа на иконата во црквата на св. Серафим Саровски во Санкт Петербург. Под портретот стои натписот „Свети Никола Чудотворец“ на руски јазик“ – информираат од НБРМ.

Цената на кованата пара која е за колекционерски цели изнесува 3.800 денари. Кованите пари за колекционерски цели се законско платежно средство во земјава.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com