Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиНова контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ предизвика бес во Франција

Нова контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ предизвика бес во Франција

Францускиот сатиричен весник не престанува да провоцира. Така дел од јавноста во Франција ја протолкува новата карикатура на „Шарли Ебдо“ посветена на нападите врз жени на Новогодишната ноќ во Келн. Првите коментари беа дека всникот овој пат „навистина претерал“.

Како што обајви „Индепенднет“, на карикатурата е прикажано тригодишното момче Ајлан Курди, кое се удави крај бреговите на Турција и чија смрт го потресе светот, овој пат како возрасен извршува сексуални напади на улиците на Келн. Под карикатурата стои натписот: „Што ќе правеше малиот Ајлан кога ќе пораснеше? Ќе трчаше по задници во Германија.“
dete igrant
Карикатурата со која авторите сакале да покажат што би можело да прави детето ако живо стигнеше до Европа, предизвика поделени реакции, изливи на бес и незадовлство од ваквата постапка на сатиричниот весник, но и одобрување од оние кои протестираат против примањето мигранти во европските држави.