HomeДЕНЕШНАПолитикаНова група на чешки полицајци ќе патролира на јужната граница

Нова група на чешки полицајци ќе патролира на јужната граница

migranti granica

ов контингент од 55 припадници на чешката полција ќе бидат распоредени во Македонија и Србија во рамки на мисијата за помош во обезбедување на границата поврзана со мигрантската криза, соопшти Чешката новинска агенција – ЦТК.

Раководителот на Чешката полиција Томаш Тухи, вчера по повод испраќањето на контингентот, истакна дека полицајците кои се враќаат од оваа мисија се стекнуваат со искуство кое е значајно за Чешката Република за справување со современите безбедносни закани.

– По влошувањето на безбедносната криза во Европа како последица на илегалната миграција и терористичките напади што се случија во некои земји на ЕУ, потребно е Чешката полиција да биде подготвена за новите форми на закани, рече  Тухи.

Амбасадорите на Македонија и на Србија во Прага Паскал Стојчески и Вера Мавриќ изразија благодарност на Чешката полиција за нивната поддршка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com