Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНова група на практикатни ќе се обучуваат во ОКТА

Нова група на практикатни ќе се обучуваат во ОКТА

Нова група практиканти добија можноста теоретското академско знаење практично да го применат на реални работни задачи како дел од програмата за практиканти на ОКТА. Компанијата веќе неколку години ја спроведува програмата за практиканти со цел да им помогне на младите луѓе да се изградат во професионалци и да станат конкурентни на пазарот на трудот.

ОКТА и оваа година останува доследна во поддржувањето на образовните процеси во земјава, нудејќи можност на младите професионалци да го унапредат своето академско знаење преку пракса во меѓународна компанија. Нашето искуство покажа дека практикантската програмата претставува одличен начин за студентите да одлучат дали одредена индустрија или професија е вистинската опција во која би ја развивале својата професионална кариера. Преку извршување на конкретни работни задачи под менторство на професионалци, во ОКТА практикантите ги развиваат своите лични и професионални вештини и имаат прилика да го искусат ритамот на работниот ден во една динамична атмосфера.“, изјави главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос.

Во текот на оваа програма практикантите ќе бидат ангажирани на работните задачи кои одговараат на нивниот образовен профил, во период од 3 месеци со полно работно време, а нивната практична едукација ќе биде надгледувана од ментори.

Селекцијата на кандидатите се одвива во неколку циклуси во кои се ценат постигнатите резултати во текот на академското образование, како и нивниот ентузијазам, амбиција и желба за унапредување и градење на успешна професионална кариера.

Програмата за практикантство е дел од соработката на ОКТА со високообразовните институции во земјава која што се одвива во континуитет. Во последниот циклус кандидатите се избираа од повеќе државни и приватни факултети кои се блиски до оперативните процеси и дејноста на компанијата.