Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиНова двојазична телевизија во македонскиот етер

Нова двојазична телевизија во македонскиот етер

Уште една албанска телевизија во македонскиот етер. ТВ Шења ќе почне да зрачи од понеделник, а ќе може да се гледа
на територија на цела Македонија, но и во Албанија и Косово.

Главен уредник на оваа телевизија, која ќе емитува програма и на македонски и на албански јазик, ќе биде Исмаил Синани, досегашен уредник на месечното списание Шења, а политичка емисија ќе има довчерашниот уредник на Алсат М, Мухамед Зеќири.

Првите луѓе на телевизијата велат дека ТВ Шења велат дека телевизијата ќе биде независна и непристрасна, а новинари од други телевизии неофицијално најавуваат дека ќе преминат во новоформираниот медиум.

Телевизијата ќе стартува во понеделник во 18,55 часот кога ќе се емитуваат централните вести. „Пет минути порано – пет минути поблиску“ е мотото на телевизијата, која најавува дека ќе биде „гласноговорник на вистината, иако таа некогаш боли“.

Инаку, телевизијата е проект на „Медија ворд њуз“, зад кој, како што тврдат од телевизијата, стои инвестициски фонд од албанската дијаспора.