Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНова детска градинка во Радишани, намалени листите за чекање

Нова детска градинка во Радишани, намалени листите за чекање

Граѓаните на населбата Радишани во општина Бутел ќе може да ја користат новата детска градинка со капацитет за 120 деца со што надлежните очекуваат да се намалат листите на чекање за згрижување. Во градинката има 5 занимални и посебна медицинска соба во која ќе се примаат разболени деца како своевиден карантин за да не се шират зарази и болести.

Во изградбата на градинката која траеше помалку од една година се вложени 10 милиони денари, што ги издвои Општина Бутел. Со средства од Министерството за труд и социјална политика оваа претшколска установа доби комплетна опрема, посочи министерот Спасов при свеченото отворање.

Градоначалникот Латиновски пак, најави дека се опремува нов објект во населбата Бутел 2 за зголемување на постоечките згрижувачки капацитети.