Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНов земјотрес во Охрид

Нов земјотрес во Охрид

Продолжува да се тресе тлото во Охрид. Попладнево во 13.33 часот во охрдиското епицентрално подачје е регистриран земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката оперваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Вкупната бројка на регистрирани земјотреси од 18 јуни до денес е над 800. Повеќето биле слаби со Рихтерова магнитуда од 1 и 2 степени. Најсилниот се случи на 20 јуни во 15:10 часот и беше со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер.