Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНов закон на пезнионирање: на 59 жените, а на 61 година за мажите

Нов закон на пезнионирање: на 59 жените, а на 61 година за мажите

Популацијата од понежниот пол да може на 59 години да се пензионираат, а мажите на 61 година, а трошокот за надоместокот што ќе го добиваат три години додека да добијат статус на пензионери да падне на товар на работодавците, известува „Дневник“. Вакви измени се планираат и се чекаат конечните пресметки од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во врска со тоа колку би изнесувал надоместокот што ќе треба да го плаќаат работодавците.

„Виновник“ за оваа идеја е бизнис – заедницата и синдикатот, а се чека на официјалните предлог – измени во законот кои ќе ги понудат социјалните партнери до Министерството за труд. Самата иницијатива потекнува од бизнисмените кои одреден период бараат решение како да има помлад работнички кадар. Со ваквите измени кои нема да имаат финансиски неизбежни последици врз државата ќе се даде можност на работодавците да го подобрат работниот процес и ќе се загрижат работниците на кои веќе годините, а и здраствената состојба не им дозволуваат до крај да ги исполнат задачите поврзани со работата. Во исчекување се пресметките од ПИОМ Организацијата на работодавци која веќе испратила барање до ПИОМ да пресмета околу триесет „пробни надоместоци“ за работници на оваа возраст и неделава се очекуваат информации за да се стави на хартија предлогот до министерството.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавци вели дека првите предмети се дадени до ПИОМ, кој треба да ја пресмета вистината на надоместокот која би требало да ја земаат лицата што би заминале три години порано во пензија, а идејата е за тие три години да земаат надоместок преку Агенцијата за вработување, која ќе го плаќа работодавецот и да се водат како технолошки вишок. Сега се прават пресметките за да се види која опција е прифатлива за сите социјални партнери. Нашата идеја е лицето да добива надоместок во висина од пензијата која би ја добивал ако се пензионира порано три години, а не одреден процент од просекот на платите во последната година, како што се смета надоместокот за технолошки вишок.

Инаку, од Министерството за труд и социјална политика нема ниту потврдување ниту демантирање на оваа информација.