HomeДЕНЕШНАЕкономијаНов шок за пушачите во Македонија: Цигарите повторно поскапуваат

Нов шок за пушачите во Македонија: Цигарите повторно поскапуваат

Нова серија поскапувања на цигарите во Македонија. Веќе неколку дена по ред, поскапуваат најпопуларните брендови на цигари во земјава.

Кутија Родео, еден од најпопуларните брендови меѓу македонските пушачи од пред месец дена наместо за 63 се продава за 68 денари. Поскапи се и Давидоф кои сега се продаваат по 135 денари, а поскапеа и цигарите Вест во тврда и мека варијанта на 70 односно 80 денари по кутија.

Согласно правилникот за акцизите на цигарите, државата предвиде до оваа година цигарите годишно да имаат по 3 денари од кутија повисока акциза, а следниот 1 јули, 2017та година, акцизата да порасне за 4 денари по кутија.

Сепак, производителите решија да направат поскапување и за до 5 денари по кутија, а некои брендови, како на пример Марлборо за неколку месеци поскапеа и по 10 денари за една кутија.

Поголемиот дел од палетата цигари што ја нуди скопскиот тутунски комбинат “Империјал тобако”, од први јули годинава веќе се продава поскапо.

Варијациите на „бос” се продаваат поскапо за 5 денари, а поскапени се и сите варијации на „вест”. По ново, „вест меко” чини 70 денари, а „вест суперслим” 90 денари. За по пет денари се поскапени и сите варијации на „родео”, освен „родео” (меко), чија цена остана непроменета.

Во февруари годинава, од три до пет денари поскапеа цигарите од Тутунскиот комбинат Прилеп. Со поскапувањето варијациите на „марлборо” се продаваа за 95 денари а денеска чинат 100 денари за кутија што значи за 6 месеци цената им скокнала за 10 денари. Цената на „филтер 57″ се зголеми за три денари и чини 58, а од 55 на 58 денари се поскапени тврдите пакувања на „класик блу” и „класик ред”.

Од пред неколку дена, Марлборо во тврдо пакување се продава по цена од 130 денари за кутија додека по 5 денари за кутија, на 100 денари поскапеа и Марлборо едициите на малку потенки цигари. Исто така поскапи се и Честерфилд кои наместо 70 сега се продаваат за 75 денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com