HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНов случај на педофилија, нападнати уште две девојчиња

Нов случај на педофилија, нападнати уште две девојчиња

Полиција-1

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М. (62) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ и „задоволување полови страсти пред друг“. Пријавениот на 14.11.2016 година извршил полови дејствија и се самозадоволувал пред десетгодишно девојче од Битола. М.М. го искористил отсуството на мајката на девојчето и го извршил делото во нивниот дом. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

МВР информира за уште еден случај на педофилија, во Куманово. На 20.11.2016, Н.С. (34) од Куманово пријавила во полција дека на 19.11.2016 година околу 23.00 часот, додека спиела, нејзината единаесетгодишна ќерка била повикана од соседот Д.М. од Куманово да влезе во неговото возило. Откако влегла во возилото Д.М. ја натерал орално да го задоволува. Биле забележани од сестрата на девојчето и која го прекинала дејствието. За настанот е запознат Центарот за социјални работи Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com