Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНов скандал – САД ги шпионирала Ширак, Саркози и Оланд

Нов скандал – САД ги шпионирала Ширак, Саркози и Оланд

Агенцијата за национална безбедност на САД шпионирала тројца француски претседатели се открива во најновите документи објавени на Викиликс. NSA ги следела комуникациите на Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд сегашниот претседател на Франција во периодот од 2006 до 2012 година. Тоа беше доволна причина Оланд да свика итна седница на советот за безбедност.

WikiLeaks-Cartoon-French-Spying

Причината за активирање на шпионажата била намерата на Саркози да започне преговори меѓу Израел и Палестина без присуство на САД, додека пак Оланд во почетокот на мандатот стравувал дека Грција ќе ја напушти еврозоната. Документите на Викиликс прв ги објави весникот „Либерасион“
– „Французите имаат право да знаат дека нивната избрана влада е цел на непријателско надгледување од наводен сојузник“, изјави Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, кој наведе дека наскоро ќе следат уште многу важни откритија.

obama

Во следената комуникација на NSA француските политичари и државни функционери разговараат за последиците на економската криза, иднината на Европската унија, односите на Франција со владата на Германија, како и сомнежите дека САД нема доверба и врши шпионажа на своите сојузници.

Во документите се наведени и телефонските броеви на членови на владата, како и директниот телефонски број на претседателот на Франција. Првичните реакции на Париз се дека прислушкувањето на САД е неприфатливо и може да ги загрози пријателските односи во време на комплицирана меѓународна состојба.