HomeДЕНЕШНАСветНов скандал – Хилари Клинтон со посебен третман добивал прашања пред дебатите

Нов скандал – Хилари Клинтон со посебен третман добивал прашања пред дебатите

donald_trump_hillary_clinton_third_debate_2pic

Претседателската кандидатка Хилари Клинтон од сигурен победник се соочува со пад на рејтингот и се поголем број на скандали кои се откриваат благодарение на хакираните мејлови кои ги објавува Викиликс. Дона Бразил, привремената претседателка на американската Демократска партија и стратег на кампањата на Хилари Клинтон испратила мејлови кои отворија нов скандал во САД. Мејловите биле испратени до Џон Подеста, претседателот на кампањата на Хилари Клинтон и Џенифер Палмиери, директорка за комуникација на демократската кандидатка за претседател на САД.

Според американските разузнавачи Викиликс го хакирал мејлот на Подеста, преку руски хакери, и ги објави овие пораки. Пораки кои откриваат уште еден под многуте скандали во трката за новиот кираџија на Белата куќа.

Мејлот е испратен на 5 март, ден пред демократската дебата помеѓу Хилари Клинтон и Берни Сандерс која се одржа во градот Флинт, град која стана симбол на социјалната неправда на Америка поради водоводната мрежа на градот затруена со олово.

“Едно од прашањата кое ќе и биде поставено на ХРК (Хилари Родам Клинтон) ќе дојде од една жена која имала кожен осип. Нејзиното семејство беше отруено со олови и таа ќе ја праша Хилари што може да направи за жителите на Флинт ако стане претседателка”, јавува Бразил која до пред неколку дена беше коментатор за Демократската партија на Си-Ен-Ен.

Утредента, за време на дебатата, Клинтон навистина доби прашање од една жена која рече дека целото нејзино семејство имало проблеми со кожата иако начинот на кој што било поставено прашањето не им одговара на наводите од мејлот на Бразил.

Во еден друг мејл Бразил пишува: “Од време на време ги добивам прашањата однапред” и во истата порака помеѓу редовите сугерира дека на Клинтон ќе и биде поставено прашање за смртната казна.

По овие откритија Дона Бразил даде оставка од Си-Ен-Ен и и во понеделникот на Твитер се заблагодари на телевизијата за соработката како политиколог и демократски коментатор.

Скандалот им дава нова тежина на зборовите на републиканскиот кандидат Доналд Трамп кој со недели повторува дека неговата противничка била фаворизирана со тоа што прашњата ги добивала однапред. Ова се случува во време кога Демократската партија го бираше својот кандидат за претседателските избори. Борбата се водеше помеѓу Клинтон и Берни Сандерс.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com