Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНов притвор за уште еден тепач на пратеници

Нов притвор за уште еден тепач на пратеници

Судија на претходна постапка денеска прифати уште едно барање на Основното јавно обвинителство за мерка притвор од 8 дена за напаѓач во насилниот упад на демонстранти во Собранието во четвртокот на 27 април. Kривичниот суд соопшти дека пред судија било доведено уште едно лице и прифатен е предлогот за притвор на ОЈО.

Вчера судија на претходна постапка биле спроведени седум лица од кои судот одреди мерка притвор од 8 дена за четворица напаѓачи, на еден му одреди мерка куќен притвор и на две лица мерки на претпазливост. Куќен притвор му е одреден на началник од УБК.

Предлогот на ОЈО, како што посочуваат од судот, се однесува на кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие за кое е предвидена казна од една до пет години.

Извор: makfax.com.mk