HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНов пораз за Македонија со промашен пенал во судиското продолжение

Нов пораз за Македонија со промашен пенал во судиското продолжение

Натпреварот за македонските фудбалери не започна најдобро и без оглед на почетната иницијатива Изразел многу лесно дојде до водство во 24-тата минута кога Хемед по грешка на одбраната го постигна првиот гол. До крајот на полувремето немаше поголеми воздубувања, со неконкретни шанси на двете страни, но Бен Хајм се погрижи во соблекувалните да се замени со двојна предност.

Веќе во второто полувреме македонските фудбалери го засилија темпото со поконкретни пробиви на Илиоски, по што Несторовски убаво се најде во шеснаесетникот и прецизно по земја го совлада израелскиот голман за намалување на резултатот на 1:2.

Во последните 15 минути македонската репрезентација го засили пресингот кон голот на Израел што доведе до прекршок врз Несторовски во шеснаесетникот. За жал Едис Јаховиќ го промаши пеналот и со тоа Македонија го забележа вториот пораз во квалификациите за Светското првенство во Русија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com