Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНов напад во Турција – најмалку 11 загинати и 70 ранети

Нов напад во Турција – најмалку 11 загинати и 70 ранети

Најмалку 11 лица се убиени, а 70 се ранети утрово во експлозија на автомобил бомба чија мета била полициската станица во местото Џизре на југоисток на Турција, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на турската телевизија НТВ. Сите загинати се полицајци.

Телевизијата НТВ не цитира извор за својата информација за бројот на жртвите.

Одговорноста за нападот ја презеде група, која се смета за воено крило на Курдската работничка партија (ПКК).

Групата Сила за народна одбрана објави дека извршила самоубиствениот напад во знак на протест против изолацијата на курдскиот бунтовнички лидер Абдула Оџалан, кој издржува доживотна казна затвор во Турција.