Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНов напад во Багдад, најмалку 23 мртви

Нов напад во Багдад, најмалку 23 мртви

Два трговски реони на Багдад беа мета на терористички напади во кои загинаа најмалку 23 лица, а околу 60 се повредени. Сторителот на нападот се уште е непознат, но познавачите оценуваат дека нападите го носат потписот на „Исламска држава”, која често напаѓа мирни граѓани во претежно шиитски квартови на Багдад.

При првиот напад, во централниот кварт Карада загинаа 18 лица а 45 беа повредени. Истиот ден експлодираше рачно изработена бомба во источниот дел на Багдад, при што загинаа пет лица, а 16 беа повредени. Нападите се извршени кон крајот на светиот муслимански месец Рамазан, кога улиците по зајдисонце се полни со млади луѓе и семејства.