Нов напад на радикалите во Бангладеш
Радикалните исламисти извршија нов напад во Бангладеш откако врз полициска патрола во Кишореганџ, 90 км. северно од престолнината Дака е фрлена рачно изработена бомба. Полицајците биле ангажирани за обезбедување на верниците за време на групна молитва по повод крајот на исламскиот свет месец Рамазан.
Во нападот двајца загинаа, а осуммина полицајци се ранети. Овој акт се случува само неколку дена по заложничката криза во Дака каде настрадаа 20 цивили, двајца полицајци и шестмина од напаѓачите.